Проекти/Motorix

MotorixЗа автосервиси

Поправајте побрзо.Фактурирајте без грешки.

Вие грижете се за возилата, Motorix за документите. Кој го донел возилото, што му е направено, колку платил и кога треба да се врати: сè на еден екран.

Покажете ми демо Windows · Албански, македонски, англиски

Ви звучи познато?

Работата во сервисот не завршува со клучот

Кој ми должи? Чекај да најдам во тетратката…Малите долгови се забораваат, а заедно прават многу.

Со MotorixЛиста на должници со износот и од кога, со еден клик.

Дали ми е готово возилото?Клиентот се јавува по трет пат, а вие одите да го прашате механичарот.

Со MotorixСекое возило има свој статус. Одговорот ви е пред очи.

Фактури на рака, ДДВ со дигитрон.Една грешка во фактурата и губите или пари или клиент.

Со MotorixФактурата се прави сама од извршената работа, со точно пресметан ДДВ.

01

Клиентите се враќаат сами

Motorix ве потсетува кога на возилото му доаѓа ред за сервис, регистрација или осигурување.

Еден клик и клиентот добива порака на WhatsApp или Viber, на својот јазик. Тој не заборава, вие не го губите.

02

Ниту еден денар заборавен

Секоја неплатена фактура останува на листата додека не се плати.

Гледате кој ви должи, колку и од кога. На контролната табла е приходот за денот и за месецот, во денари и во евра.

03

Целата работилница на еден екран

Кое возило е во работа, кое чека делови, кое е готово за подигање.

Кога ќе заѕвони телефонот, одговорот го имате веднаш, без да станете од масата.

Зошто Motorix

Направен за сервиси како вашиот

На вашиот јазик

Албански, македонски или англиски. И фактурата излегува на јазикот на клиентот.

Без интернет

Работи на компјутерот во сервисот, и кога ќе падне интернетот.

Податоците се ваши

Бекап секој ден, и на USB или OneDrive.

Лесен за учење

Големи копчиња и упатство со слики, на албански и македонски.

УштеПонудиТерминиДелови и залихаДобавувачиВработениТрошоци9 извештаи во PDF и ExcelУвоз од ExcelАжурирања со еден клик

Пред да одлучите

Можеби мислите…

„Не сум баш со компјутери.“

Motorix е направен за работилница, не за канцеларија: големи копчиња, сè на вашиот јазик, а јас лично ќе ви покажам како работи.

„Податоците ми се во Excel.“

Клиентите, возилата и деловите ги префрламе директно од Excel. Не почнувате од нула.

„Што ако се расипе компјутерот?“

Motorix сам прави бекап секој ден, и на USB или OneDrive. Податоците се враќаат со еден клик.

„Колку чини?“

Цената се договара откако ќе разговараме, според тоа што му треба на вашиот сервис. Демото не ве обврзува на ништо.

Демо

Видете го Motorix со вашите возила

Пишете ми и ќе ви покажам како би работел во вашиот сервис. Ќе разговараме заедно, а потоа вие одлучувате.

Телефон · WhatsApp · Viber+389 78 415 281
Е-пошта[email protected]

Барање за демо на Motorix

Сите проекти